Малолетничка со шише нападнала друга и ѝ го расекла челото
Во 2,20 часот по полноќ малолетничка од Охрид, со привремен престој во Битола, пријавила дека пред угостителски објект на улица „Партизанска“ во Битола била физички нападната од друга малолетничка од Кавадарци, исто така, со привремен престој во Битола, која употребила и стаклен предмет, соопштија од СВР Битола. Од таму велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Според наши проверени извори, се работи за средношколки кои престојуваат во интернат во Битола. Едната при нападот употребила шише и ѝ нанела расекотина на челото на другото девојче.