Македонија го одбира тимот за против Романија, Кирил Лазаров повика седум ракометари на Пелистер

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, повика седум ракометари на Еурофарм Пелистер за двомечот против Романија во рамките на ЕХФ неделата. Повикани се Марко Кизиќ, Петар Атанасијевиќ. Цветан Кузманоски, Ненад Костески, Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ и Жарко Пешевски.

Натпреварите прогив Романија нашиот национален тим ќе ги одигра на 15 и 16 март во Браила.