Лишени од слобода К.Д.(18) од Кавадарци и Џ.М.(40) од Битола кај нив било пронајдено украдено возило „опел астра”
На 29.05.2024 во напуштен објект на ул.„Илија Николовски Луј” во Старата касарна, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци и Џ.М.(40) од Битола. Кај нив било пронајдено патничко возило „опел астра” со ресенски регистарски ознаки, за кое А.Р.(24) од Ресен истиот ден пријавил дека му било одземено во близина на паркингот кај Спортската сала во Битола. Возилото било вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.