Лишен од слобода 60 годишник од Битола се однесувал агресивно и упатувал закани кон полициски службеници

На 07.04.2024 во 13.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 60 годишник од Битола затоа што агресивно се однесувал и упатувал закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.