Културна Претстава за Браќата Грим во организација на Германската секција при ОУ „Даме Груев“ (Фото)
Се одржа настанот „Сказните на Браќата Грим“ во организација на Германската секција при ОУ „Даме Груев“ Битола со наставничките Симеона Павловска и Данијела Босилковска.
На настанот учениците од ОУ „Даме Груев“ , ОУ „Тодор Ангелевски“ , ОУ „ Коле Канински“ и ОУ „ Стив Наумов“ преку куклена претстава, драмска изведба, танц и презентација на германски и македонски јазик го презентираа ликот и делото на Браќата Грим.
Настанот се одржа во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола. На настанот беа присутни и учениците од Германската секција од СОЕУ „Јане Сандански”.