Кривична за такси возачи, биле затекнати како вршат такси превоз на патници во Битола без лиценца

СВР Битола поднесе кривични пријави против В.Ј.(41), П.Т.(41), Р.С.(72), С.В.(61) и Ц.Д.(67), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 23.12.2023 на повеќе локации во Битола, пријавените биле затекнати како вршат такси превоз на патници без да поседуваат соодветна лиценца.