Кривична пријава против К.Р.(61) од Битола поради „самовластие“, ставил под хипотека имот во сопственост на друго лице
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Р.(61) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неизвршување судска одлука“ и „самовластие“. Тој, свесно и спротивно на судска пресуда, ставил под хипотека недвижен имот во Охрид сопственост на друго лице и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 352.000 денари.