Кошаркарски спектакл денес во Битола – КК Пелистер против МЗТ Аеродром
КК Пелистер – МЗТ Аеродром
финале на Куп ,,Благоја Георгиевски – Буштур” 17.02.2024, 18:00
После победите над Феникс и Еуро Никел, дојде и денот да ги одмериме силите против тимот на МЗТ во натпревар за пехар и прво славје во 32то издание на Македонскиот Кошаркарски Куп.
Салата ,,Боро Чурлевски” во 18:00 часот ќе биде местото каде што очекуваме што поголем број на Битолчани да го бодрат нашиот тим и со максимална подршка сите заедно да се радуваме на трофејот.
Пелистер втор пат ќе игра финале на Куп, првиот пат беше пред цели 15 години. Како што кажавме, патот до тука водеше преку Феникс и Еуро Никел во предходните два натпреварувачки дена, а тренерот Радуловиќ сношти по победата изјави:
Како и за сите натпревари досега со Еуро Никел, така и сега. Беше тесно, тврдо. Секогаш успеаваат да наметнат свое, споро темпо на игра. Одлично ја држат топката и нè тераат многу да работиме во одбрана. Денес победи енергијата кај нас, имавме 17-18 скока повеќе од нив и тоа беше клучно.
Нашиот противник, тимот на МЗТ Аеродром за да стигне до финалето мораше да ги победи тимовите на Гостивар и Работнички од Скопје. Гостивар го добија со резултат 91:76. На трибините најавија присуство и од навивачката група “Family” Аеродром како подршка за МЗТ, па сигурни сме дека атмосверата ќе биде одлична.
МЗТ е тим што рекордни 11 пати го има освојувано купот, бранители се на титулата од лани и сигурно знаат како да пристапат на натпреварот во финалето, но ние сме сигурни дека со максимална поддршка од публиката и со цврста и пожртвувана игра како и на предходните два натпревари, можеме да стигнеме до трофејот. Впрочем, МЗТ веќе го победивме два пати во лигата сезонава, зошто не и трет пат?!