Колку се потруди, колку пати изговори сега најтешко мие, колку пати се насмевна зашто надежта ја задржа!

Ексклузивен автор за Конзули.мк: Марија Бакиевска – Поетеса

Ти не си другите
И другите не си ти…
Убав мој човеку
Фрли ги лагите
И извади ги конците на споредбите
Погледни во вистините
И долетај пред прозорите
Од твоите падови и победи
Спомни си
Убав мој човеку
Спомни си
Колку се потруди, колку пати продолжи, колку пати изговори сега најтешко мие ама јас не се откажувам, колку пати се насмевна зашто надежта ја задржа!
И не е фер
Убава мој човеку
Не е фер да кажеме јас ништо не сум, и ништо не значам, се што правам премалку е, се што давам за џабе е!
Не е фер да се затвориш, зад решетките од очекувањата на другите да отслужиш, не е фер према срцето кое во тебе чука, за длабочината која по тебе повикува!
Ти не си другите
И другите не си ти
Никој нема таков поглед како твојот, ниту таква прегратка како твојата, никој нема таков глас како твојот, ниту таква топлина како твојата!
Дај си прилика убав мој човеку
Одведи се на вечера
Соблечи ги грижите
Соблечи ја незадоволноста
Извади ги наочарите на жртвата
И слушни се
Слушни се во љубовта.

04.02.2024 Битола