Колку е важна менталната сила за среќен и успешен живот?

Автор за Конзули.мк: Марковска Тина

Дали под ментална сила се подразбира коефициент на интелегенција или нешто сосема друго?

Дали ако некој е успешен се подразбира дека е и среќен?

Вообичаена пракса е кога некој е успешен да претпоставиме дека има висок коефициент на интелегенција IQ (intelligence Quotient), но колку е така во реалноста?!  

Ако се разгледа подетално оваа изјава е некако површна, па и не сосема точна. Многу студии покажуваат дека коефициентoт на интелегенција влијае само околу 20% на успехот во животот. Голем број луѓе со висок IQ (160) работат за шефови кои имаат понизок коефициент на интелегенција (100) Исто така има случаи каде студенти кои во периодот на уписи на факултет имале висок коефициент на интелегенција но голем број од нив не ги завршиле стидиите  или ги завршиле со многу низок просек.  

Зошто е ова вака?!  

Постои нешто со што тестовите на интелегенција не се занимаваат а е многу важно за успехот во спортот и животот воопшто. Во прашање се упорноста, самоконтролата, компетентноста, спосбноста за да се мотивираат самите себе. Поради ова последните години науката се заврте кон нешто што се нарекува емоционална интелегенција или EQ (Emotion Quotient).  

Емоционално интелегентните луѓе се оние кои се способни да управуваат со своите емоции, што фактички е клучот за успех во животот и било која друга работа. Лесно е човек да се стекне со одредено знаење но многу потешко е истото да го спроведи во пракса. Многу спортисти, со исклучителни физички потенцијали, не постигнаа успех бидејќи не знаеле да се контролираат, влегле во непотребни конфликти, направиле инциденти или лошо управувале со сопствените емоции во тешки животни ситуации. Нивниот коефициент на интелегенција беше висок, тие многу добро знаеа што треба да направат, но нивниот коефициент на емоционална интелегенција беше низок не можеа во одреден момент да управуваат со себе и со сопствените емоции.  

Човекот не е само физичко битие, човекот носи душа. Со спортот не е важно да се има само силни муслули и зглобови, многу е важен и духовниот скелет на човекот чиј центар е во мозокот. Од тоа како ке го градиме и тренираме мозокот ќе зависат и силата и издржливоста на нашите коски и мускули како и комплетната состојба на нашето битие. Во пракса тоа значи следно, во нашиот мозок доаѓаат различни информации од два извори:  

1. Од надворешното опкружување (говор, однесување на луѓето околу нас, филм, музика, книги, реклами, социјални мрежи)

2. Од внатре (мисли кои ги негуваме, емоции кои ги развиваме или потиснуваме) некои од нив се радост, гнев, бес, тага, срам и слично. Овие емоции директно влијаат на растот и здравјето на нашите мускули, коски, срце, дигестивен тракт. Познато е дека нашите емоции стимулираат одредени информации кои ги испраќаат до мозокот кој пак поттикнува создавање на бројни хормони кои регулираат многу активности како што се: метаболизам, раст, количина на вода и минерали во органзимот, сексуални активности и сл.

Да не навлегуваме повеќе во медицинскиот дел, она што е фасцинантно тука е што неодамнешните студии покажуваат дека емоциите кои ги предизвикуваат одредени информации во нас, можат да го променат и генетскиот материјал. Со други зборови можеме да влијаеме на поправка и подобрување на нашите гени кои сме ги наследиле со раѓањето, или пак можеме да ги расипеме и оштетиме. Ова значи дека нашите емоции влијаат на нашиот мозок кој го владее цело наше постоење, но и дека мозокот може да го развиваме и регенерираме.  

Никој човек не е трајно неспособен за спорт од раѓање, никој не е со вишок килограми затоа што тоа му било генетски предодредено, ничија судбина ни животен пат не се одредени од првите неколку години од животот нити пак треба и мора да бидеме жртви на некои лоши избори и постапки од минатото (храна, начин на живот, партнер, работа).  

Со други зборови можностите на секој еден од нас се неограничени. Секој аспект од човековиот живот може да се подобри само ако менталното здравје се одржува на високо ниво. Тоа би значело внимателно одбирање на информациите  кои доаѓаат до нас, исоодветно управување со емоциите кои тие ги поттикнуваат. Здравјето на нашиот мозок и неговата работа која ние можеме да на доведеме до совршенство ке придонесат до врвно ментално здравје па со тоа и до совршено функционирање на целиот наш организам.  

Вака успехот би бил неизбежен.  

Кога еден успешен кошаркар беше прашан дали неговиот талент бил пресуден за успехот кој го постигнал тој одговорил, ,,талентот е дамо 5% од успехот, 95% го сочинува трудот”. Со други зборови луѓето со најголем талент и потенцијал ако не ги развиваат и не работата над нив, нема да остварат добар резултат во она што го работат. Од друга страна пак вредните и упорни луѓе, без разлика на слабиот талент и потенцијал, кои ќе успеат да ги унапредат своите ментални потенцијал може да остварат успех кој малкумина би го очекувале. Во спортот е многу важно да имаме силни и големи мускули и да ја усовршиме техниката која ни е водоменот, но силното ментално здравје е она што на прави разликата помеѓу шампионот и останатите. Затоа како што одвојуваме време за физичка активност многу е важно и да одвоиме време и за нашето ментално здравје.  Многу се ретки спортистите кои практикуваат ментален тренинг. Сите знаеме дека ако некој дел од телото не го користиме тој ќе атрофира, ке пропаѓа. Така е и со мозокот кој треба да се користи за создавање на големи планови, за остварување на поставените цели во животот, за одржување на телото здраво и  во хармонија со природата.  

Просто кажано мозокот чека некој да му издаде наредба, во случајот ние или нашата околина ако го дозволиме тоа. Ова е наредбата пример кога почнуваме да правиме планови за остварување на некои цели. Но како нашиот мозок ке ја прифати наредбата зависи од неговото здравје кое пак е тесно поврзано со нашите навики во исхраната.  

Исхраната е еден од главните начини како можеме да ја подобриме работата на нашиот мозок, односно комуникацијата помеѓу мозочните клетки. Знаеме дека тие комуницираат преку хемиски супстанции преносници на сигнали (неуротрансмитери) кои точно носат информација до одредена група на клетки.  Кога ова беше откриено почнаа да се произведуваат хемиските лекови кои луѓето се почесто ги употребуваат па ја уништуваат работата на сопствениот мозок кој е послабо активен и ,,пропаѓа” како што рековме органот што не се користи – атрофира.

Најпознатите неуротрансмитери се домаќин серотонин, норепинефрин и габа кои ги споменавме во претходна статија. Да се вратиме на менталните способности пак.  

Знаете ли зошто Новак Џоковиќ е најдобриот тенисер на светот?! Неговите 24 големи тениски титули дојдоа откако наполни 30 години. Тој лично изјавува дека менталната сила не е подарок, тоа е нешто што доаѓа со работа.  

Има многу играчи кои имаат исто добар форхенд како и Џоковиќ па и да сервираат подобро од него. Што ги разликува и зошто никој не го постигнал неговиот успех? Ниту еден друг играч не е ни приближно блиску до поседување на менталната сила што ја има Новак и што го прави тенисер над тенисерите. Тој верува дека постигнал многу благодарение на неговата ментална моќ кој е клучен елемент заедно со неговите вештини, напорна работа и физичка кондиција.

Кога ги мотивираме децата да бидат истрајни и успешни во некој спорт забораваме дека успехот нема само една димензија. Секогаш позади секој успех стои некоја невидлива сила која не можеме никому да ја дадеме, нити пак можеме да ја примиме од надвор.  

Единствен начин да ја разбудиме таа сила е од внатре.  

Најголемата битка секогаш е внатре.  

Најголемата битка секогаш е внатре.  

Вимблдон 2019 година, Новак Ѓоковиќ на својата прес-конференција кажа нешто што звучеше малку чудно – но предизвика смеа кај сите присутни. Во тоа познато финале кое траеше речиси пет часа, тој не само што се борeше против Роџер Федерер, туку и против екстремно гласната публика која го поддржуваше Федерер. Она што не му даде да попушти под притисокот како што кажа е  дека додека толпата извикувала „Роџер“, тој замислувал  како скандираат „Новак“. Навидум едноставно, но дали го може секој ова?

Џоковиќ оваа ментална снага не ја постигна преку ноќ.

Еден од најважните фактори за постигнување на било каква цел во врска со физичкиот изглед, здравјето а и на многу други полиња во животот е истрајниста. Но за да истрае човек мора да е ментално силен. Со вежбање ке постигнете добри резултати по здравјето и физичкиот изглед, но само докулку доколку го практикувате редовно.  Константнатно тренирање, константно практикување на правилен начин на исхрана доведува до резултати. Можеби нема да биде тоа во првиот месец-два (како што посакуваме), но сето тоа е дел од процесот. Чекор по чекор, скала по скала. Сетете се на онаа – “Rome wasn’t built in a day”.

Истрајноста, упорноста, мотивација, дисциплина се само дел од особините кои мора да ги поседуваме за достигнување на нашата цел. Тоа е нашата ментална сила. Верувам дека на секој од нас ни се има случено пад на мотивација поради лични причини, приватни проблеми итн. Секој може да биде упорен, истраен, дисциплиниран и мотивиран кога се е како што треба, кога имаме доволно средства, кога приватниот, љубовниот, професионалниот план ни одат од рака. Секој може тогаш. Но вистинската слика за нас и нашиот карактер е кога голем дел од работите се всушност спротивно од она како што треба да биде и како што посакуваме, а во таквите е вистинскиот тест на нашиот карактер.

Кога еднаш ќе ја најдеме и имплементираме правилната комбинација и формула од истрајност, упорност и дисциплина како фундаменти на патот кон постигнување на нашата цел и кога ќе резултира со плод, тогаш е многу полесно сето ова да се вметне во другите сфери од нашиот живот кои ќе помогнат да не направат подобра личност, духовно, ментално и физички, со што ќе бидеме поуспешни и посреќни.

Здравиот начин на живот преку физичка активност и правилен начин на исхрана е една од најдобрите инвестиции кои може да ја направиме за себе!  

Инвестицијата не е финансиски повратна, но е повратна на многу други подобри начини – подобар физички изглед, самодоверба, градење на духот и менталниот склоп, подобрување и одржување на здравјето и уште многу други бенефити.

Хранете се правилно, бидете физички активни, мотивирани, дисциплинирани, упорни и истрајни – вистинската ,,тајна” за достигнување на било која цел!

Еднаш, еден драг пријател ми го напиша ова: ,,Секој оној што успеал да се доведе себе си во завидна психофизичка форма и кондиција, кој успеал да ги победи основните телесни животни инстинкти (глад, желба за храна, страст) успеал да го реализира најтешкиот проект од сите. Се друго е неспоредливо полесно од тоа.“