КК Пелистер vs КК Кожув – Сабота од 19 часот, Спортска Сала ,,Боро Чурлевски”
Сабота, 09.12 – 19:00, Спортска Сала “Боро Чурлевски”.
Пелистерци продолжуваат со натпреварите во најсилното Македонско првенство, и овој викенд пред своја публика ќе вкрстат со тимот на Кожув од Гевгелија, кој засега нема добра сезона, па затоа од Пелистер се очекува уште една убедлива победа.
Гостите во Битола доаѓаат со негативен скор од 3 победи и 7 порази, но во последното коло успеаа да го добијат Гостивар пред своја публика со резултат 102:67. За потсетување, нашиот тим влегува во овој наптревар после две сигурни победи со постигнати повеќе од 100 поени во просек, против Вардар и ФМП.
Во досега одиграните 10 натпревари од Македонското првенство, кај Гевгеличани најдобри играчи се Американецот Колин Слејтер кој постигнува по 13 поени и 4 асистенции во просек, и искусниот поранешен репрезентативец и шампион со Работнички, Димитар Караџовски, кој забележува по 11 поени, а за 3 поени шутира со просек од скоро 50%.
Од досега покажаното на двата тима, зелените ќе ја преземат улогата на фаворит, па се надеваме на уште една сигурна победа, да го продолжиме притисокот на првопласираниот во лигата, МЗТ.
Како и во досегашниот тек на сезоната, карти за натпреварот ќе може да се набават пред влезот на салата.