Иван Стојановски го фати светиот крст во светите води на Храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола
Иван Стојановски по трет пат е најсреќниот учесник на традиционалната манифестација фаќање на светиот крст во светите води на Храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола.

Иван посака здравје и среќа за сите верници и почитување на традицијата.
Според востановената традиција, битолчани по завршувањето на богослужбата полнеа вода за здравје од осветената вода во црковниот базен на Храмот „Св. Великомаченик Димитриј“, но и од другите цркви и манастири на Преспанско-пелагониската епархија.
