ИНТЕРДЕНТАЛЕН – МЕЃУЗАБЕН ПРОСТОР

Ексклузивен автор за Конзули.мк: Д-р Теодора Соколовска, доктор по дентална медицина и лиценциран доктор за botox и дермални филери.

Забите во забните редови не стојат слободно секој за себе, туку се во меѓусебен допир, а просторот што се наоѓа меѓу апроксималните страни на два соседни заби е т.н интердентален простор (Spatium interdentalis). Допирот на забите е само на една точка која што ја нарекуваме допирна точка, која се разбира не е сосема идентична по своето место и изглед, бидејќи и самиот конвекситет на апроксималните страни е повеќе или помалку различен кај забите во фронталната и бочната регија на забниот низ. Допирните точки кај младите се навистина точки, но следејќи го ознатиот факт дека забите имаат мал степен на подвижност кој овозможува меѓусебно триење, а со тоа и претворање на допирните точки  во мали допирни површини од 1-2mm. Кај возрасните пак со процесот на абразија се губат туберите во близина на допирните точки и се претвораат во допирни површини.

Просторот кој што се гледа измеѓу забите и има изглед на триаголник токму тој е наречен интердентален простор, кој е исполнет со гингива односно меѓузабна папила. Со соединување на сите допирни точки во забниот ред се формира линија или пак лак, која го спречува навлегувањето на храната меќу забите при џвакањето, на тој начин храната се лизга и нема можност за нејзино задржување, тоа го имаме само која ќе е присутна абразијата која ги гризе контактните површини.

16.03.2024 Битола