ИНТАКТНИ МОЛАРИ – ПРОВОКАТОРИ НА БОЛКА?
Ексклузивен автор за Конзули.мк: Д-р Теодора Соколовска, доктор по дентална медицина и лиценциран доктор за botox и дермални филери.
Определувањето на застапеноста на калцификатите во забната пулпа кај моларите зависат од повеќе фактори како научна цел од некои испитувања: според полот (повеќе застапени кај машкиот пол), страната на нивната поставеност, забниот низ и односот на први со втори молари (почесто кај горните први молари).
Некои статистички податоци говорат дека од вкупниот број население што доживува болка (од главата и од лицева болка) страда речиси 35%.
Од крајот на VIII век како и почетокот на IX век оставени се записи кои говорат дека болката во главата, рацете и нозете биле секогаш последица на восаление на забот и во тоа време редовно ги упатувале пациентите на екстракција на забот (нивно отстранување – вадење), но и денес се соочуваме со истиот проблем, доста пациенти се решаваат за екстракција на забите отколку за нивна санација или поставување на некое фиксно помагало или решение, што денес во основа е доста голем финансиски проблем.
Моларите имаат голема улога како носачи во џвакањето на храната, бидејќи целиот притисок е врз нив, но тие во принцип ни се и најчести носачи за изработак на фиксно протетски изработки и мора максимално да ги заштитиме од вадење.
01.03.2024 Битола