Голманската Академија Ивановик во соработка со Голманска Академија SHG Goalkeeping, со гордост го најавува специјалниот ГОЛМАНСКИ НАСТАН – CITY GOALKEEPING EVENTS 2025, наменет за сите млади голмани кои сакаат професионална обука, детална анализа и напредок на највисоко ниво

Академија за Голмани Ивановиќ & SHG Goalkeeping – 13.12.2025 година на стадионот во Новаци организираат голмански настан.

Академијата за голмани Ивановиќ и академијата SHG Goalkeeping претставуваат водечки центри за индивидуален развој на млади и професионални голмани во регионот. Двете школи се целосно посветени на техничко, тактичко и физичко усовршување на голманската позиција – позиција што бара максимална концентрација, карактер и посветеност.

Моментално, во рамките на објединетата програма активно тренираат вкупно 60 голмани, кои работат по современи методологии и структуриран развоен систем.

Тренерски кадар

Во академијата Ивановиќ работат:

  • Филип Ивановиќ
  • Виктор Ивановиќ

Во академијата SHG Goalkeeping тренер е:

  • Ѓорги Шопов

Сите тренери поседуваат УЕФА сертификати за работа со голмани, со што гарантираат висок професионален пристап, стручност и квалитет во реализацијата на тренинзите.

Програма и активности

Фокусот на двете школи е:

  • Индивидуална и полуиндивидуална работа
  • Подобрување на техничко-тактичките голмански елементи
  • Развој на моторика, брзина на одлука и правилно позиционирање
  • Детална анализа и следење на напредокот

Организациски успеси

Досега имаме организирано 4 летни кампови специјализирани за работа со голмани, кои секоја година привлекуваат таленти од повеќе градови и клубови. Камповите се препознатливи по интензивната работа, професионалната атмосфера и индивидуалниот пристап кон секој голман.

Идни проекти

Во процес е организирање на голем скаутинг камп наредната година, на кој ќе присуствува Никола Тодоровиќ, тренер во младинските категории на Црвена Звезда. Настанот ќе овозможи професионална селекција, процена и промоција на потенцијалните голмански таленти.