Голема Бадникова поворка во Битола: Младите гласници за најубавата вест – Христовото раѓање, Божиќ

На Бадник, денот кога се наговестува Христовото раѓање, ќе се одржи големата Бадникова поворка, која ќе започне во 11 часот на платото кај Офицерскиот дом.

По изведувањето на Божиќните песни, сплет од градски приказни ќе изведат членовите на КУД „Илинден“.

Поворката ќе продолжи по Широк Сокак и во црквата „Св. Великомаченик Димитриј“, а на крај, бадникарчињата ќе ја посетат општина Битола.

Традиција која внесува радост, пренесена од младите гласници за најубавата вест – Христовото раѓање, Божиќ.