ГФК Охрид е четврт спаринг партнер на Пелистер
Фудбалерите на Пелистер го одработуваат веќе седмиот ден од зимските подготовки во Охрид.До сега нашите фудбалери работат секој дневно по две тренинг сесии, а во меѓувреме одигруваат и контролни натпревари преку кои се темпира формата на фудбалерите.
Првиот ден, веднаш по пристигнувањето во Охрид, Пелистер одигра контролен натпревар против екипата на ФК Караорман, каде овој натпревар нашите зелено-бели го победија со 5-2.
Два дена подоцна се одигра уште една контролна средба, овој пат против екипа од соседна Албанија, односно екипата на ФК Поградец.Тренерот Костов ги стави во игра сите играчи кој што се на располагање, а искусниот Петар Љамчевски со два гола, ја донесе победата за нашиот тим.Додека пак во текот на вчерашниот ден Пелистер и Силекс ги одмерија силите, во натпревар скоро изедначен, во некои периоди и нашиот тим беше тој што ја диктираше играта, но среќата не ги послужи битолчани и овој натпревар заврши со резултат од 2-1 за Силекс.Голот на овој натпревар го постигна Спиркоски од пенал.
Следен противник, а воедно и последен од поготовките во Охрид е истоимениот клуб ГФК Охрид со кој на 03.02.24 ќе ги одмериме силите.