(Фото) 8ми Март со љубов: Медицинските сестри од „12ти Мај“ ги израдуваа штитеничките од Домот Сју Рајдер

Хуманитарното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки ,,12ти Мај” од Битола денес 07.03.2025 година го посети Домот за стари лица Сју Рајдер од Битола. По повод 8ми Март Меѓународниот ден на жената нашето здружение одлучи денот да им го посвети и да ги израдува штитеничките на Домот.