Филмот за Џеј Рамадановски од петок во Кино Манаки во Битола
Филмот „Недела“ го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица и во поправен дом, Џеј успеа да го заземе своето место на музичката сцена и преку песна да стане дел од животот на многумина.
Рамадановски, кој потекнуваше од ромско семејство од Македонија, почина во 2020 на 57 години.
Филмот во режија на Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ.е насловен според една од најпознатите песни на Рамадановски. Во насловната улога е Хусеин Алијевиќ, а играат и Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ и Милица Јаневски.
„Возбудливата приказна за животот на Џеј Рамадановски е претставена без непотребна патетика, со впечатливи ликови. Сценариото се држи до важните факти од биографијата на Рамадановски и во него е прикажана суровата реалност со која пејачот бил принуден да се соочува“, изјавија од Филмскиот центар на Србија.
26.01.2024, петок
20:00
„Недела“ (Влезница: 200 мкд)
27.01.2024, сабота
20:00
„Недела“ (Влезница: 200 мкд)
28.01.2024, недела
20:00
„Недела“ (Влезница: 200 мкд)