Еурофарм Пелистер спогодбено го раскина договорот со српскиот интернационалец Дарко Стевановиќ

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ја известува јавноста и своите приврзаници дека спогодбено го раскина договорот со српскиот интернационалец Дарко Стевановиќ. Десет месеци по неговото доаѓа во нашиот клуб од Мешков Брест, левиот бек ќе тргне по нов предизвик, за што му посакуваме успеси и многу среќа.

26-годишниот Стевановиќ со Еурофарм Пелистер го освои шампионатот на Македонија во сезоната 2022/23, а настапуваше и во СЕХА лигата, домашниот шампионат, национален Куп и Суперкуп.