Двајца битолчани лишени од слобода во Ресен поради учество во тепачка
На 24.03.2024 во 17.30 часот на ул.„Борис Кидрич “ во Ресен полициски службеници од ОВР Ресен поради нарушен јавен ред и мир со учество во тепачка ги лишиле од слобода Р.Ј.(32), А.Ј.(23), Б.Ј.(29), Б.У.(30), Е.У.(28), А.А.(24), Е.А.(22), И.А.(53) сите од Ресен и Ш.М.(23), Б.С.(19) од Битола. По документирање на настанот, ќе следуваат соодветни пријави.