ДИНАМИКА НА ОКЛУЗАЛНИТЕ СООДНОСИ
Ексклузивен автор за Конзули.мк: Д-р Теодора Соколовска, доктор по дентална медицина и лиценциран доктор за botox и дермални филери.
Хуманата популација се одликува со карактеристична оклузална морфологија што подразбира релативно ниски тубери, прилагодени на типот на исхраната која ја практикува човекот, а тоа е исхрана со растителни и со животински видови на хранителни продукти. Значи целокупната механикана виличните зглобови и на самата дентицијата кај човекот е во врска со начинот на неговата исхрана. Мелењето на храната како една од функциите на стоматогнатниот систем се изведува со помош на тридимензионалните движења на долната вилица, при што приридните заби благодарејќи на поставеноста според сагиталните и трансвезалните криви успеваат многу успешно да се спротистават на дејството на оклузалните сили.
Природната дентиција кај човекот во повеќе од 50% припаѓа кон конфигурацијата на крупно фунционирачка оклузија, додека во 20% оклузалната конфигурација е означена како заеднички заштитена, односно предноводена оклузија. Динамичниот меѓусебен сооднос на природните заби не е ограничен само во една рамнина. Тридимензионалниот модел всушност преставува збир на туберните движења во три рамнини и е означен како туберен оклузален опсег или граничник на движење на туберите. На оклузалните површини на забите постојат два вида на тубери на забите
- Потпорни: тубери на дисталните заби кои имаат улога на вертикалните запирачи.
- Водичи: помагаат во ситнењето на храната во процесот на нејзиното џвакање.
17.02.2024 Битола