Дејан Манасков го засилува шампионот Еурофарм Пелистер?
Пред стартот на вториот дел и плејофот во ракометната Суперлига продолжуваат да се засилуваат нашите најдобри екипи.
Како што дознава порталот www.javisejuzna.mk шампионот Еурофарм Пелистер пролетва ќе биде посилен за Дејан Манасков.
Поранешниот македонски репрезентативец Дејан Манасков имаше одлична интернационална кариера. Играше во неколку екипи во Бундеслигата , во гигантот Веспрем, додека кај нас настапуваше за Металург и Вардар и се очекува да биде големо засилување за тимот на Бранислав Ангеловски.
На позицијата лево крило Еурофарм Пелистер веќе ги има репрезентативците Петар Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски.