Дали во Новата година ќе чекаме да бидеме среќни или ќе преземеме самите нешто за нашата среќа?
Автор за Конзули.мк: Марковска Тина
Ете сме пак пред прагот на нови почетоци кога несебично себе си подаруваме грст ветувања, молитви за здравје среќа и успех. Ете сме пак во период кога цврсто се заколнуваме дека оваа година ке биде поинаква, поуспешна и подобра. Дека ќе бидеме посреќни и позадоволни дека ке дадеме се од себе да ги промениме лошите навики од минатото.
И така овие месец дена ќе цветаме со најубави желби за себе и другите. Но како и секоја година и оваа, еуфоријата и радоста на новогодишните празници ќе помине, а ние ќе се вратиме на старите навики и обврски. Забораваме што сме си ветиле себеси, на сите наши желби.
Пак немаме време за тоа да мислиме и ја немаме онаа амбиција која не покренува сега, овие денови.
И сите ветувања кон себе паѓаат во вода.
Со Дедо-Мраз ќе си заминат и нашите желби, и како ќе го чекаме идната година да се врати пак за пак да не покрене амбицијата да мечтаеме за нови почетоци.
Нека новата година не биде само нов почеток за старите навики…бидете нови, бидете посилни, направете се посреќни. Има милион начини како да се направиме среќни односно да го згомлемиме нивото на хормони на среќа во нашето тело. Четирите столбови-хормони на кои физички и хемиски се потпира нашата среќа се допамин, серотонин, ендорфин и окситоцин.
ДОПАМИН
Допаминот влијае на нашето расположение, спиење, меморија, учење и концентрација. Експериментите покажале дека лачењето на допамин е зголемено кога сме мотивирани, имаме пред нас желби кои ги остваруваме односно целиме кон некое достигнување и секако физичката активност (било тоа да е и само пешачење или возење велосипед).
Допаминот се нарекува и хормон на стремежот.
СЕРОТОНИН
Серотонннот е невротрансмитер кој ги пренесува сигналите помеѓу нервните клетки.
За активираье на серотонинот кој делува како стабилизатор на расположението, односно ги контролира емоциите прво што се препорачува е и да бидете активни, да бидете изложени на сонце (голема мера го стимулира и сончевата светлина) да практикувате медитации и да поминувате што време во природа. Серотонин е најпознат како хормон на среќа, затоа при негов недостаток може да дојде до депресивни состојби. Овој можеби е најкомплексен од горенаведените хормони затоа што е вклучен во повеќе биолошкипроцеси како регулација на сон/ будност состојба, апетит, телесна температура, промена на расположение.
Серотонинот освен што се нарекува хормон среќа се среќава и хормон на самодоверба.
ЕНДОРФИН
Ендорфин или убиец на болката, ендорфините се хормони кои се лачат кога на организмот му е потребни да се справи со физичката болка за некоја ,,повисока цел” истовремено предизвикувајќи чувство на еуфорија. Пример кога бегате од некоја опасност без притоа да размислувате за било што друго, ендорфинот делува како аналгетик кој ви ја отстранува болката во мускулите и не доживувате умор кој во нормални услови веднаш би го доживеале. Освен присилно (кога бегаме од опасност) ендорфинот можеме најлесно да го поттикнеме кога трчаме со одредени цели во време или растојание. Има многу луѓе коистанале зависни од трчање благодарение на чувството кое им го дава ендорфинот. Тоа чувство постои во литературата како ,,runners high”.
Ендорфинот се нарекува убиец на болката.
ОКСИТОЦИН
За активиране на окситоцинот треба да играте со куче, да играте со бебе, да се држите за раце, да ги прегрнете членовите на вашето семество, да дадете комплемент. Тој се смета за хормон на телесниот контакт, љубовта и поврзувањето. Поради подемот на социјалните мрежи во последната деценија засегнато е лачењето на окситоцин кај луѓето, кои на некој начин телесно се отуѓуваат. Но човекот е биолошки предодреден за меѓусебно поврзување, односно е социјално суштество
Окситоцинот се нарекува љубовен хормон.
Најголемата штета што може да ја направиме кон нашите хемиски поддржувачи на среќата е е да не сме физички активни за време на празниците, тогаш кога трпезите тежат со висококалорична храна од која ретко кога јадеме умерено, што е втора голема грешка. Изборот и количината нахрана е многу битен за синтетизирање на погоре споменатите хормони.
Трета грешка е во тоа што медумите последните години ни пласираат информации како сончевите зраци се штетни за кожата, а ние веќе несвесно ја усвоивме таа информација плашејќи се за нашето здравје му нанесувале уште поголема штета. Знаете дека нашата Македонија е земја на сонцето. Имаме повеќе од 300 сончеви денови. Додека скандинавските земји кои достигнуваат најголем степен на развој и имаат најдобри услови за граѓаните, немаат сончева светлина па кратките денови без сонце таму се една од главните причини за депресија.
Излезете на сонце, пешачење, трчајте, гушнете ги блиските и оние подалечни на кои знаете дека им фали по некоја прегратка. Вежбајте, пијте вода храните се здраво, поставете си цели- остварите ги, и прославите ги и најмалите достигнувања… Вака имате цврста подлога за среќа.