Бранислав Ангеловски: Со восхит зборувам и за клубот и за Загреб како град и за Хрватска
Бранислав Ангеловски со голем респект зборуваше за својот поранешен клуб Загреб.
„Доаѓа една ракометна институција. Ако погледнеме во минатото не треба многу да зборуваме за името на противникот. Сите олимписки и светски шампиони со хрватската репрезентација мораа да поминат низ таа школа.
Загреб беше магнет за сите млади играчи во Југославија. Ја имав таа среќа, а можеби и привилегија, да бидам дел од Загреб заедно со Лазаров, Марковски, Јовиќ, потоа и Стоилов и Мајнов. Загреб секогаш ги бираше најдобрите таленти од нашите простори. Поминав одлични три сезони во Загреб. Тие сезони ме лансираа да имам уште подобра интернационалионална кариера. Со восхит зборувам и за клубот и за Загреб како град и за Хрватска“, рече на средбата со новинарите тренерот на пелистерци.