Битола доминира на Балканската сцена – К.К. „Заншин До“ со 5 пехари и 15 медали
Од Балканскиот турнир ТЕТОВО ОПЕН 2024 , каратистите од К.К. „ЗАНШИН ДО“-Битола се вратија со 5 пехари, 5 злата , 4 сребра и 6 бронзи. К.К. „ЗАНШИН ДО“-Битола настапи на овај Балкански турнир со само една третина од својот тим а постигна одличен резултат – од 39 клубови од Балканот се искачи на 6 место на ранг листата за најуспеш клуб на турнирот.
Со Пехари се закитија шампионите од овј турнир и тоа Алексеј Петковски во категорија ката машки 2018 год се закити со пехар и златен медал, во категорија ката тим кадети-јуниори жени Елена Јончевска, Леона Алиловска и Емилија Илковска, во категорија ката тим кадети-јуниори мажи Давид Стојчевски, Александар Божиновски и Михаил Марковски, во категорија ката тим сениори жени Стефанија Петковска, Леона Алиловска и Емилија Илковска и во сениори ката жени Стефанија Петковска ова се битолските шампиони од ТЕТОВО ОПЕН 2024. Со сребрен медал се закитија: Николај Петковски во категорија ката мажи 2015 година, Александар Божиновски во категорија кадети ката мажи, Надалина Талевска во категорија 2011 година и Тони Кулевски кумите мажи јуниори +76 кг, со бронзен медал се зактија: Михаил Марковски во категорија кадети ката мажи, Надалина Талевска категорија кадети ката поединечно жени, Леона Алиловска во категорија кадети ката жени, Алексеј Петковски во категорија ката машки 2017 година, Виктор Ристевски во категорија ката машки 2012 год и Тони Кулевски кумите мажи кадети +70 кг.
Задоволна сум како тренер бидеќи Битола се искачува на највисокото место на ранг листа на Државни првенства и меѓународни Европски и Балкански турнири. Каратето исчезнуваше од Битола а сега битолчани се рамноправни противници на најуспешните клубови во регионот, порача тренерот Стефи Јанковска Петковска.