(Фото) Битола доби селектор на државната репрезентација на Карате федерација на Македонија
Битолчани можат да бидат горди бидеќи добија селектор на државната репрезентација на Карате федерација на Македонија за кати за две категории и тоа У12 и У14 во машка и женска кункуренција.
Официјално на веб страната на Карате федерација на Македонија се објавени имињата на избраните селектори меѓу кои е името на битолскиот тренер од К.К. „ЗАНШИН ДО„ -Битола, Стевка Јанковска Петковска – селектор за кати за две категории и тоа У12 и У14 во машка и женска кункуренција.
За мене ова значи голем предизвик, одговорност и чест да бидам дел од селекторскиот тим на Карате федерација на Македонија. Периодот кој следи ќе се вложам безрезервно при реализирање на своите обврски како селектор со што ќе ја оправдам оваа доверба која ми е дадена бидеќи ова се позиции кои бараат совесност, одговорност, чесност и постојана работа за да се постигнат резултати, изјави Стефка Јанковска Петковска.