Балша Драговиќ го засилува КК Пелистер
Црногорецот доаѓа во Битола пред крајот на преодниот рок.
Откако Пелистер го напуштија Fugget и Хот, во Битола доаѓа црногорецот Балша Драговиќ.
Има 27 години, висок е 208цм и со својата висина и игра под кошевите ќе биде одлична помош за нашите Маслинко и Планиниќ кои што обично поминуваат голем дел од натпреварот на терен.
Тој во Битола доаѓа од нам добро познатиот Шенчур во АБА2 лигата, а за Словенскиот тим во регионалната лига тој забележуваше во просек по 5 поени 4 скокови и една асистенција за 20минути поминати на паркет.
Тој исто така има и NCAA колеџ искуство бидејќи настапуваше за Harvard Crimson.
Му посакуваме добредојде во нашиот тим и се надеваме дека веднаш ќе се вклопи во замислите на тренерот Радуловиќ и ќе биде одлична помош за Пелистер во домашното првенство и во АБА2 лигата.
