БРУКСИЗАМ
Ексклузивен автор за Конзули.мк: Д-р Теодора Соколовска, доктор по дентална медицина и лиценциран доктор за botox и дермални филери.
Терминот потекнува од грчкиот збор brychelin што во превод кај нас би значело шкрипење на забите, кое најверојатно датира од самиот почеток на создавањето на човекот. Многу автори се трудат да ја опишат точно самата дијагноза во која вклучиле и други поврзани состојби (абнормално трошење на емајлот на забите поврзано со нефункционалната активност, неуроза на оклузалните навики, ноќно шкрипење како резултат од дневниот бруксизам, трошење на забата супстанца, јака контракција на мастикаторните мускули и ритмички контракции). Се јавува најчесто во адолесцентниот период и петтата деката од животот, а со стареењето е се поретко.

Неговата појава или етиологија сеуште не е разјаснета и е составена од повеќе фактори кои меѓусебно се поклопуваат (погоре наведени). Меѓутоа денес со начинот на живот се смета дека централно потекло и поврзаност постои помеѓу конгитивно-бихевиоралните фактори (емoционалниот стрес, страв, одредени карактеристики на личноста, како и употреба на некои лекови и конзумација на алкохол, кофеин и никотин.)

Повеќето случаеви за кои се работи се хиперактивни личности, перфекционисти, анксиозни состојби, личности кое се незадоволни со себе лесно избувливи и прекритички расположени за самата околина. Дијагнозата за оваа состојба се поставува во низа на неколку чекори:
- Oснова на детален разговор – анамнеза, која ја зема стоматологот врз која дознава и за лошите навики на пациентот.
- Се прави клинички преглед – се детектира присуство на абразивни фасети, предвремени контакти или промета на потпорниот апарат.
- Преглед на темпоромандибуларниот зглоб и анализа на функција на мускулите.
- Може да се направи и психодијагностика (познато е дека емоционалниот стрес влијае на зголеменото ниво на тн. стресни хормони во крвта, плукната и урината.)

Ви благодариме на вашето внимание во следната тема повеќе ќе прочитате за клиничката слика, дијагнозата и начинот на терапија за оваа проблематика.
27.01.2024 Битола