Кривична пријава против Б.П.(33) и П.Т.(22) од Битола, поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги
СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.П.(33) и П.Т.(22), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 14.01.2024 во Битола, полициски службеници извршиле преглед во патничко моторно возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки, во кое бил П.Т. со уште две лица, при што пронашле и одзеле марихуана, која П.Т. претходна ја купил од Б.П..