Лишен од слобода С.Б.(29) од Прилеп, со престој во Битола, спречувал полициски службеници при извршување службени дејствија
На 20.04.2024 во 21.45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Б.(29) од Прилеп, со привремен престој во Битола, затоа што агресивно се однесувал и спречувал полициски службеници при извршување службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.