Новата Хит-Песна ,,Биди до мене” од битолчанецот Никола Зац (Видео)
Ексклузивно за Конзули.мк краток разговор со идната македонска музичка ѕвезда Никола Зац за новата песна ,,Биди до мене” во соработка со Григор Копров и Владимир Дојчин Дојчиновски, исто за идниот албум ,,Срцето Мое Тука Чука”.
Со големо задоволство сакам да ја споделам мојата нова песна ,,Биди до мене” што промотивно ја изведов на Охрид Фест оваа година.
Ова за мене беше втор настап на Охрид Фест, каде што минатата година како дебитант настапив со песната ,,Ни вино, Ни солзи”
Фестивалот оваа година прославуваше 30 години од основањето и беше убаво да се дружиме и запознаеме со голем број артисти и колеги од Македонија и Балканот.
Песната ,,Биди до мене” е уште една љубовна балада, на која се опишува важноста да се има некој до себе со искрена љубов и доверна низ добро и лошо.
И оваа песна е дел од најавениот албум ,,Срцето Мое Тука Чука” за кој што се обработуваат и последните песни, пред да се најави концертна промоција за следна година.
Сакам да се заблагодарам до тимот со кого работевме на оваа песна Григор Копров и Владимир Дојчин Дојчиновски, а исто така и голема благодарност до целиот тим со кого работиме на проектот “Срцето Мое Тука Чука”.
Голема благодарност до ,,Бутик Линкести” од Битола кој и оваа година се погрижи за мојот изглед на Охрид Фест.
Се надевам ќе ви се допадне и ќе уживате во мојата нова песна.