Важноста на здравата исхрана и фитнесот – Решение за Дискус Хернија

Автор за Конзули.мк: Марковска Тина

Дискус хернија или пролапс на дискусот е многу честа појава и се смета за причина на најмалку 50% од сите ишијалгии. Најчесто се јавува помеѓу 35-40 година од животот иако кај луѓето со прекумерна телесна тежина може да се јави и порано.  

Најчесто се јавува  кај административни работници кои имаат седечка работа при што оптоварувањето на рбетниот столб е големо, кај спортисти, физички работници и постари лица.

Може да е последица на генетски фактор или како резултат на трауматска повреда. Фактори што ја влошуваат ситуацијата се и лошиот квалитет на живот, намалена физичка активност и слабата исхрана.

Пролапсот најчесто се јавува во долниот дел на рбетот а исто така може да се појави и на вратниот дел кога се јавува болка во вратот и раката, трпнење на прстите, слабост на муслулите на раката итн.

Кога е во долниот дел на рбетот, од лумбалниот дел болката може да се спушти по должината на ногата до прстите, а може да биде изолирана и само во крстот, задникот или во задниот аспект на коленото

Знаеме дека рбетот е столбот на телото, и неговата повреда бара посебно внимание, нега и време. Некаде околу шестата недела започнува периодот на доцно заздравување на. Оштетениот интервертебрален диск почнува да се лекува, ʼрбетот станува постабилен. Во овој период, околу шест месеци, треба да се исклучи целосно тешка физичка активност, да се применуваат периодични курсеви за масажа и физички процедури. Додека постои болка се мирува, а потоа се почнува со вежби препорачани од доктор-физиотерапевт.

Со цел да се намали болката првично се препорачува намалување  на телесната тежина која е и една од причините за појава.

Следи јакнење на паравертебралната мускулатура на грбот со употреба на заштитни положби и движења при вежбање и работа во секојдневниот живот. Вежби за јакнење на паравертебралната мускулатура на грбот, вежби за истегнување на нозете карлицата и трупот како и јакнење на стабилизацијата на карличниот појас и стомакот.

Аналгетиците само ја прикриваат болката и имаат инстант ефект.

Она што за нас е битно е начинот на живот кој треба да се состои од квалитетна исхрана односно богата со семки, болно масло, пивски квасец, овошје (суво) и зеленчук, грав леќа боранија и јаткасти плодови.

Задолжително суплемент односно додаток на витамини и минерали за коски и зглобови, колаген и витамин Ц, како и хондроитин и глукозамин сулфат, омега 3 масни киселини куркума и сл.

Превенцијата е полесна од лечењето. Подобро да спречиш отколку да лечиш рекле старите.

Дискус хернија- мојот случај

На првата МР е 2016  дијагностицирана е дискус хернија и ненормални акутни болки. Морав да престанам со тренинг целосно. Болката беше неподнослива, не паметам дека некогаш во животот сум била толку надвор од форма. По посетана доктор и снимката, добив еден месец боледување и секојдневно инјекции аналгетици и антифламаторни лекови. И по еден месец мислам дека телото ми беше веќе пренатрупано со лекови, a мозокот очајно бараше и сакаше да најде брзо решение за состојбата. Тогаш сфатив дека брзо решение не постои. Дека ова е тест за мојата упорност и мојата волја за самоизлекување. 5 години покасно на втората МР, магично исчезнаа и ,,истечениот” диск и болките.  

Многу од луѓето кои имаат дискус хернија  немаат никакви симптоми, а многу пак од оние кои ја имаат имаат неспецифични симптоми.

Доколку имате слични болки  и отидете да направите снимка на рбетниот столб, многу големи се шансите дека снимката ке покаже некаква аномалија на рбетот која ке ја поврзете со болката, иако не мора да значи дека баш тоа е причината.

После сознанието дека имате дискус хернија станувате внимателни во некоја лоша смисла, односно го штедите грбот, не ги зајакнување гробните мускули и најлошо од се е што сами си се именувате како неспособни за да водите нормален живот и етикета како имате проблем со кичмата.

Според медицинските истражувања во 66% од случаите дискус хернијата се решава сама од себе без било какви медицински интервенции и покрај тоа што е голема или класифицирана како неповратна, веројатноста дека сама ке се среди е голема.

А генерално не постои ни една посебна интервенција која би била со сигурност успешна за да се ослободите од болките во долниот дел на рбетниот столб.

Знаеме дека физичката активност, самодисциплина, градењето на самодоверба и упорноста се клуч за подобар резултат во најголемиот број на случаи поврзани со повредите и опоравувањето од нив.

Прашањето ми е дали сте способни да носите одуки за себе, да се издигнете за себеси, а не да станете жртва на сопствените проблеми и да тие проблеми станат дел од вашиот идентитет.  

Не сакам да кажам дека докторите не се важни и дека не постојат сериозни случаи на повреди, далеку од тоа, само сакам да кажам дека дискус хернија не значи дека сте неспособни и дека операцијата е неизбежна.Хируршка интервенција се користи исклучиво како последно средство, односно ако сите методи на конзервативна терапија биле неефективни, а синдромот на болка не може да се отстрани.

Вежбајте

Во тело со добро изградена мускулатура ‘рбетот е само гостин. Вежбањето може да ви помогне да изгубите вишок килограми и да одржите здрава телесна тежина, која нема да го оптеретува вашите зглобови.

Како што знаеме долготрајно лежење, намалена подвижност, подолго време седење пред компјутер се едни од ризик факторите за појава на болка во зглобовите.  

Помало движење значи поголема вкочанетост во зглобовите.

Затоа бидете активни, често менувајте позиции доколку сте приморани да седите.

Многу луѓе земаат суплементи за поддршка на здравјето на зглобовите.  

Некои ги земаат за ублажување на моменталната болка, додека пак, други ги земаат за да спречат болка.  

Повеќето додатоци делуваат на принцип на намалување на воспалението или заштита на рскавицата, која што со тек на време може да се намали.  

Кога сме кај суплементи, еден од најзначајните е токму колагенот. Колаген е најзастапениот протеин во нашето тело. Како што старееме, нашето тело произведува помалку колаген, но и колаген со помал квалитет. Еден од видливите знаци дека цврстината на колагенот опаѓа е губење на еластичноста на кожата, појава на брчки, но и појава на проблеми со локомоторниот систем.

Tој сочинува околу 25-35% од вкупната содржина на белковини во организмот. Во мускулното ткиво служи како главна компонента на ендомизиумот. Колагенот сочинува 1-2% од сврзното ткиво на мускулите, а претставува 6% од тежината на еден цврст мускул.

Тој е структурен дел од косата, ноктите, кожата, коските, лигаментите и тетивите во нашето тело.

Благодарение на колагенот кој што нашето тело го произведува имаме сјајна коса и кожа, цврсти нокти, силни коски, еластичност на кожата и слично.  

За полесно да разберете што значи тоа гледајте го тоа на овој начин – КОЛАГЕНОТ Е ТОА ШТО ГО ДРЖИ ЗАЕДНО ЦЕЛОТО НАШЕ ТЕЛО.

Стареењето, брзиот начин на живот и стресовите кои влијаат на нашето тело исто така влиаат и на производството на колаген. Ова е нормално и се случува кај секој а многу студии укажуваат на тоа дека телото произведува значително помала количина на колаген после 25тата година.Како што напоменав погоре,со текот на времето и стареењето, производството на колаген драстично се намалува а со тоа се намалуваат и тие ефекти кои што колагенот ги создава. Со надополнување на тоа количество во форма на додаток во исхрана или суплемент ги добиваме следниве бенефити:

  • ЗДРАВА, СЈАЈНА И ЕЛАСТИЧНА КОЖА

Kолагенот е главна компонента на кожата и со ова придонесуваме одржување на сјајна, мазна и еластична кожа. Поголема еластичност значи помалку брчки.  

ПОМАГА ВО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА БОЛКИ ВО ЗГЛОБОВИТЕ И НИВНА ПОДОБРА ФУНКЦИОНАЛНОСТ

Колагенот помага во одржување на интегритетот на ‘рскавицата што е ткиво како гума која  помага во штитење на зглобовите. Затоа ќе забележите дека многу спортисти го користат како додаток во исхраната.

ГО ОДРЖУВА ЗДРАВЈЕТО НА КОСКИТЕ И НИВНАТА ФУНКЦИОНАЛНОСТ

Коските се создадени од колаген и тоа е она што ги одржува силни.Со конзумирање на дополнително количество колаген може да се избегнат повреди, губење на коските, остеопороза и лесно кршење на коски при повреда.

Останати бенефити:

  • Дополнување на внесот на протеин во исхраната
  • Здрави, сјајни и цврсти нокти и коса
  • Здравје на срцето
  • Подобрување на работата на цревата  
  • Го подобрува сонот

Ако имате болка во зглобовите тогаш ви треба колагенска формула но збогатена со  глукозамин, хондроитин и MСМ (Methylsulfonylmethane).

Тука можеме да ја спомнеме и куркумата, чии ефекти се припишуваат на хемиско соединение во куркумата наречено куркумин. Како други суплементи што помагаат при болка во зглобовите, можеме да ги споменеме и босвелијата (индиски темјан), екстракт од масла од авокадо и лен, рибино масло (кое содржи омега-3 масни киселини), метилсулфонилметан (МСМ).

П.С

Девојките треба да знаат дека кремовите со колаген против брчки нема да помогнат во борбата против брчките – Хранете се од внатре не маскирајте надвор.

Кремовите против болки во зглобовите и аналгетиците само ја маскираат болката.

Барајте ја причината, не лечете ја последицата.

Бидете активни ако сакате да исчезнат болките во зглобовите, додека да купите квалитетна храна и додатоци во исхраната е подобро од најскпите кремии третмани против брчки.  

23.02.2024 Битола