Запиши и остави во минатото!

Ексклузивен автор за Конзули.мк: Марија Бакиевска – Поетеса

Убавино моја,
И денес пушти го стравот, пушти ја недовербата, пушти ги сомнежите, пушти ја лагата, знаеш тука почнува храброста и смелоста, да го пуштиш она што те задржува, што те предомислува, што те испразнува!

Ајде пушти го она кое те огорчува, затвора, ослабува, пушти го на лист хартија, запиши го и пушти го во отпадот, извади го од мислите, замени го со вистините!

Денес ќе биде борба помеѓу умот и емоциите, ќе биде тензија, препрека, викање, но те молам убавино моја не заборавај дека во тебе е изборот, силата, храброста, која чека да ја пробудиш!

Мора да го направиш чекорот на пуштање за да и отвориш врата на храброста, таа чека, и тука е, ајде пушти го она кое не ти припаѓа, не го држи на сила, пушти го и замени го со прегратка на оние кои ги љубиш, со испиено кафе пред екранот на фантазиите, со доверба отворена пред Божјиот поглед!

Не си сам/а знаеш
Поверувај!

Со почит и љубов Марија!

04.02.2024 Битола