10.000 садници засадени во атарот на РЕК Битола (Фото)

Во близина на депонијата за отпепелување, на патот кон рудникот Брод Гнеотино на местото викано Биљаник во атарот на РЕК Битола, вработени во комбинатот од СПОР (Сектор за правни и општи работи), засадија 1400 багремови садници во еднократна акција. Планското пошумување кое неколкупати годишно се спроведува на деградираното земјиште, годинава предвиде и набави 10 000 садници. Согласно временските услови, акцијата се одвива неколку дена. Ова е последната за оваа календарска година предвидена акција за пошумување во и околу комбинатот.