Битола ќе добие терариум и ново живеалиште за копитари

Битола ќе добие терариум и ново живеалиште за копитари. Општина Битола побарала и ѝ биле одобрени пари за новите содржини кои ќе ја осовременат битолската золошка градина.

Изградбата на ново живеалиште за копитари е во вредност од 9.634.336 денари, а изградба на современ терариум во вредност од 8.994.667 денари.

За изградба на објект на Терариум и објект на Копитари, Општина Битола аплицирала на вториот повик на Владата преку министерството за култура и туризам, а проектот бил одобрен.

„Овие инвестиции се дел од заложбите на Општина Битола за подобрување на условите во Зоолошката градина, создавање на современ простор за животните и овозможување на поквалитетно, едукативно и забавно искуство за сите посетители“-рече Коњановски.

Како Општина продолжуваме да вложуваме и да се грижиме за зоолошката градина, рече градоначалникот на Битола.