Да го прославиме Св. Пантелејмон заедно – молитва, љубов и радост во манастирот Св. Меркуриј, с. Барешани

По повод празникот Св. Пантелејмон во манастирот Св. Меркуриј С. Барешани на 08.08.2025 денес ќе се одслужи вечерна богослужба со почеток од 18:00 часот, а потоа следува добра забава со Дарко Стојановски и група Магнум.

На 09.08.2025 (сабота) ќе има света божествена литургија со почеток од 08:00 часот потоа следува забава со Елена Јовческа и група Магнум. Се покануваат сите верници да го прославиме празникот, повелете ве очекуваме.

Христос помеѓу нас е и ќе биде!