На плажата кај Mayberry Hotel во Претор се враќа White Sensation Beach Festival!
По петгодишна пауза, една од највпечатливите летни забави во регионот се враќа на голема врата! White Sensation Beach Festival – настанот што обединува музика, стил и преспанска енергија, ова лето ќе го одбележи своето шесто издание на 25 јули (петок), на плажата кај Mayberry Hotel во Претор.

Под мотото „Сите во бело“, фестивалот ќе започне во 21:00 часот, а сцената ќе ја преземат тројца врвни диџеи:
- DJ Kotex,
- MiiLO,
- Irie Scratch – познати по своите експлозивни сетови и заразна енергија.
Настанот има традиција од над 5 години и важи за една од најпосетуваните и најфотогенични летни забави во Преспа, каде младите (и не само тие) доаѓаат облечени во бело, создавајќи единствена атмосфера на светло, звук и заедништво покрај езерото.
Влезниците се достапни по симболична цена од 200 денари, преку продажната мрежа на kupikarta.com, или директно со контакт и резервации на бројот 076/942-600.
Овој фестивал не е само забава – туку и одраз на летниот живот во Преспа, симбол на единство, стил и урбана култура.
Резервирај на време. Облечи се во бело. Подготви се за ноќ за паметење.
White Sensation 2025 Beach Festival!
