Тоше живее во една книга

Гледаме како соседните земији се почесто ги овековечуваат своите пејачки легенди преку филмското платно. Филмскиот центар на Србија финансиски го подржаа снимањето на новиот биографски филм за Џеј Рамадановски кој се прикажувa премиерно и во Битола оваа Сабота во Кино Манаки а пред него огромна популарност имаше и филмот за животот на Тома Здравковиќ.

Зарем нашиот Тоше не заслужи да го овековечиме на филм?!

Ни даде толку многу, беше ,,синот божји” буквално, а како минуваат годините се чини дека го забораваме освен кога ќе го чуеме неговиот глас на радио што станува се поретко и поретко за разлика од Хрватска на пример каде се слуша постојано. Она што ми остави впечаток нашиот книжевен џин Венко Андоновски со неговиот роман ,,Ќерката на Математичарот” каде не мислам дека важи она -,,Ова е фиктивно дело. Имињата, ликовите, местата и настаните се или производ на авторската фантазија или се употребени како измислени. Секоја сличност со вистински настани или лица, живи или мртви, е целосно случајна.“

,,Малата книга” од Романот ни претставува животопис на македонскиот познат пејач Тодор (Тоше) Проески, секако, на имплицитен начин, определувајќи му судбина инаква од онаа што го снаоѓа во реалниот живот. Јунакот во Малата книга го носи мотивираното име Тео, скратено од Теодор што значи дар од Бога. Она што е уште интересно за романот е тоа дека одредени делови се пишувани во форма на евангелие, што секако имплицира присуство на христијанската симболика во делото.

Уште на почетокот од Малата книга, во првата глава, се среќаваме со таква пишана форма, но и со метафора која има за цел да ни открие дел од карактерот на Тео. Најпрвин, тоа е неговата вера во Бога која ни е предадена преку следната метафора: А момчето го всади Бога во срцето свое како зрно пченично во најплодна нива и не престана на Бога да мисли, ни дење ни ноќе. (Андоновски, 2019, стр. 241).

Еве неколку редови преку кои авторот зборува за Тео – лик од гореспоменатиот роман, па прочитајте сами како Венко го овековечил нашиот ангел Тоше во книга.

  1. Си живееше во Македонија еден човек, на една висока гора, во град под самите небеса. И тој човек со Бога одеше, во Светлината негова, ни пред него, ни зад него.
  2. А тој човек доби син, и го крсти Тео, затоа што боголубен и боголубив беше.
  3. И си рече: нека се вика така, затоа што и тој со Бога ке оди, ни пред него, ни зад него.
  4. А момчето го всади Бога во срцето свое како зрно пченично во наплодна нива и непрестана на Бога да мисли, ни дење ни ноке.
  5. И виде Господ дека момчето по него оди и што не направи за да го одврати, затоа што со него само најцврстите
одат, а момчето беше нежно;
  6. И се исплаши Господ за него, да не го распнат и него како Синот.
  7. Душата му беше како египетско стакло, мислите како кадифе од Басра, а зборовите како зачини од Еритреа.
  8. Гласот му беше како на славеј, а погледот како на елен.
  9. И го дари Господ со мед, во душата, со саке преполно, и рече: нека пее, и сите птици во воздухот нека ги натпее,
  10. А луѓето по Земјата
нека видат ангел телесен и нека jа чуат музиката моја вселенска, од
грло човечко и плотно.
  11. И нека разберат дека музиката е светлина што се слуша и светлината е музика што се гледа, и дека едно е тоа зашто како едно го создадов.
  12. И тргна момчето по лицето на Земіата со дарот Господов, да проповеда со песна како славеј и апостол.
  13. И добро одеше, и патот му се отвори пред стапалата негови
  14. Но Господ сакаше да го поштеди, оти душата почиста од миро му беше, а по стапките негови – болни оздравуваа. . И си рече Господ: пребрзо гори и ке изгори како звезда опашеста над Витлеем; ке се зави на небото, ке блесне и самиот од себе хранеіки се, ке прегори.
  15. И му испрати затоа Господ завидливци, лицемери, фарисеи, учени без срце, луге во прелест, блудници и цревоугодници, да му
попречат;
  16. Му испрати ласкавци, сребролупци и што уште не му испрати за да го одврати, да помисли момчето: „Еве Бог е лош оти сподобита лоши ми испрака, за да ме измачува”
  17. Но момчето се така во
Бога си стоеше, и милостина раздаваше, на сиромашни и бедни, на сакати и питачи, а на богатите, на лицемерите и на ласкавците, од душата своа раздааваше, парче по парче, како од леб, тело Христово.
  18. И си помисли Господ:
,,Ова, и смртта ако ја
сретне, и незе песна ќе и запее. Ќе jа разнежни и таа не ќе земе никого
веќе”
  19. И откако целиот така, пеејќи се раздаде на други, Бог му се јави на сон. А момчето беше во Ерусалим, на поклонение на гробот Христов кога Овој му се зави и му рече: „Гледам дека ангелите мои се повеќе на тебе личат.
  20. И гледам дека спас ти нема од Светлината моја. Затоа, подготви
се: изгради манастир во местото каде си роден и крени крст кон Мене, висок онолку стапки колку што имаше години Синот Moj кога се врати при мене. И подај ги рацете кон Мене, и јас ќе видам
дека си ги подал, и ќе испратам по тебе.
  21. Затоа што бесполезно е на Земјата да те распнуваат; и веднаш по распетието твое, неистинат уште, златните клинови сребролупци да ги крадат;
  22. И не е првпат тоа, синко Мој, и солзите Мои, веќе не сакам по тебе да капат, кога можеш при Мене вечно да живееш.
  23. И ќе те бараат, ама нема да те најдат, оти ке те бараат со око надворешно.
  24. А оние што те мразат ке помислат: „Eте, се ослободивме од него”.
  25. И оние што ти завидуваат ке речат: „Ете, и тој смртен бил”.
  26. А тие што те сакаат ке плачат, и ке мислат дека Бог неправеден е, но ќе се утешат, затоа што ќе те препознаваат
во секоја песна на славејот, секаде по лицето на Земјата.
  27. Само тие што љубеле со твоіата љубов ќе знаат каде си, и ним ќе им се јавуваш отсекаде:
  28. Ќе те препознаат во росата на цветот, во
павтането на јато исплашени гулаби, во слаткиот жар на последната калинка, во огнот на овчарите на планината;
  29. Во белото брашно на воденицата, во квасецот на лебот, во румените усни на девојките
  30. Блажени ке бидат затоа што ке видат дека не си заминал, туку само си се променил и си jа умножил ликата;
  31. И дека целиот свет околу нив е само привид зад кој стои едно исто лице:
33,33. Моето, твоето и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови, амин!
    Венко

Исто како и во другите негови романи Андоновски е мастрален и останува доследен на својот стил, преполн со метафори дистрибуирани буквално насекаде низ текстот со цел тие да се одгатнат и да се усвои пораката што авторот за пренесува преку своите дела.

Тоше има само датум на раѓање !
Денешниот 25 Јануари 1981 година.

,,Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“ -Тоше Проески

Автор: Марковска Тина