Поради кратката скијачка сезона годишните карти за скијачката сезона 2023/2024 ќе важат и за следната сезона, известија од Ски-центарот Стрежево
Поради невообичаено кратката скијачка сезона како последица на исклучително топлото време измината зима, Ве известуваме дека набавените годишни ски-карти за скијачката сезона 2023/2024 година ќе важат и за следната сезона 2024/2025 година.
Ви благодариме на разбирањето, стои во соопштението на Ски-центарот Стрежево.