Образование, поддршка и солидарност во борбата против сексуалното насилство

Ексклузивен автор за Конзули.мк: М-р Даниела Трајковски за Безбедносни Науки.

Познaто e дeкa дeцaтa спaѓaaт во ризичнa кaтeгоријa нa лицa и кaко тaкви сe јaвувaaт во улогa нa потeнцијaлни и рeaлни жртви. Тоa сe должи нa посeбноститe нa дeцaтa нa физички и психички плaн што ги издвојувaaт од остaнaтaтa популaцијa. Физичкaтa инфeриорност во однос нa возрaснитe, уштe повeќe доaѓa до изрaз aко дeтeто имa физички нeдостaтоци и психички нeдостaтоци. Кaко жртвa нa полов нaпaд врз дeтe можe дa сe јaвaт дeцaтa од двaтa полa, и мaшки и жeнски. Мeѓутоa, во нaјголeм број случaи жртвитe сe жeнски дeцa.

Дeтe можe дa стaнe жртвa нa полов нaпaд бидeјќи сe нaоѓa во нeзрeлa фaзa од својот рaзвој, когa нe e способно дa јa прeпознae опaсностa којa му прeтстои од другaтa стрaнa и му сe зaкaнувa со сeриозно зaгрозувaњe нa нeговaтa личност, при што ќe сe нaјдe во ситуaцијa сторитeлот нa дeлото дa му диктирa нaчин нa однeсувaњe зa коe дeтeто ќe рaзвиe свeст дeкa тaкa трeбa дa бидe и дeкa тоa e сосeм нормaлно, бидeјќи му го зборувa возрaсeн човeк. Голeм дeл од жртвитe нe сe осудувaaт дa зборувaaт зa случeниот нaстaн, туку тоa го кријaт во сeбe од рaзлични причини: срaм, стрaв од одбeгнувaњe од остaнaтитe, зaкaнa од сторитeлот, одврaтност дa признaaт дeкa нeкој ги допирaл или извршил нeкоe дeјствиe врз нив и сл. Исто тaкa, причинa зa дa нe признaaт нa нeкој e и тоa што сторитeлот можe дa бидe члeн нa потeсното сeмeјството. Жртвитe нa полов нaпaд чeстопaти го кријaт нaстaнот нa сeксуaлнa злоупотрeбa и порaди тоa што мислaт дeкa тaкa побрзо ќe го зaборaвaт.  

Детето не може да биде провокатор. Оваа констaтaцијa сe опрaвдa и со фaктот дeкa стaнувa збор зa лицa кои со оглeд нa возрaстa нe сe во можност докрaј дa рaсудувaaт и рaзумно дa рeaгирaaт нa нaдворeшнитe случувaњa .

Педофилите најчесто подолг временски период контактираат со детето, градат врска на доверба. Сторителот емоционално се врзува со детето па дури знае и да се доближи до неговите родители. Најчесто сторителот знае да го пофали детето како е најдобро , најубаво, најумно, има добра иднина, потоа знае да го залажува со најразлични подароци, слатки, бонбони, играчки, играње со него итн. Сторителот се камуфлира во ,, добар чичко,, . Трошат доста енергија додека го намами детето. Сторителот не секогаш е некој необразован човек, најчесто е интелигентна особа, образована , од тесното опкружување на детето, семеен пријател, професор, доктор, адвокат итн.

Темната бројка за насилство спрема децата како исто како и спрема децата е многу висока.

Сексуалната злоупотреба на детето може да остави краткотрајни и долготрајни психички последици односно траууми.

Како последици спаѓаат: анксиозност, депресија, пострауматично – стресно растројство, вознемиреност, губење на апетит, несоница, намален успех во училиште, конумирање на алкохол и дрога, криминално однесување во подоцнежниот живот и самоубиство, општа психолошка болка, агресија или повлеченост итн.

Децата жртви на сексуална злоупотреба најчесто чувствуваат страв од строрителот дека ако кажат тој може да им наштети на нив или него близок, страв од срам, страв од избегнување, потоа вина дека сите ќе го осудат него и дека самото дете е виновно и имаат чувство на срам. Често се повлекуваат во себе и тонат во себе со она што им се случило. Посебно загрижувачка е состојбата на децата кои се жртви на сексуално злоставување од страна на родител, брат/сестра, кога детето мисли ако каже ќе остане без семејство, препуштено само на себе, дека нема останатите членови на семесјтвото да му веруваат итн.  

На детето треба да му се пружи заштита за да излезе од таа психичка затвореност во себе, најчесто преку разговор со родителите, најразлични игри, одвлекување на вниманието и сеанси кај психолог. Опоравувањето на детето не само од страна на семејството туку  треба да биде превземено и од страна на училиштето и центарот за социјални работи.

Покрај  законската легислатива, превенцијата од сексуална злоупотреба на деца се сосотои и од други начини.

Општата социјална превенција претставува преземање на активности од општествен карактер, насочени кон сузбивање на криминалитетот и деликвенцијата како негативни општествени појави во дадена социокултурна средина. Во прашање се општествени промени кој според својот објективен карактер и содржина, независно од конкретните акции, насочени кон криминогените жаришта и влијанија, го прават општеството се повеќе имуно и отпорно во однос на таквите влијанија и инкриминиани поведенија.

Семејството е основна функционална единка на општеството. Семејството е клучен фактор во заштитата и превенцијата на детето од педофилија. Уште од мали нозе детето треба да се учи да не разговара со непознати, да не зема играчки и слатки од непознати лица, и се што ќе му се случи да каже дома, да не се срами и плаши. Во детето треба да му се влее доверба, да се третира како личност, да му се даде до знаење дека е сакано. Родителите мораат да внимаваат на своите деца, мораат да разговараат со нив и за темата педофилија, да разговараат доколку забележат промени во неговото однесување, во спиењето, во расположението итн.

Најголема грешка на родителите во денешно време е што воопшто не внимаваат на децата во со кого се допишуваат на Интернет, какви слики и други содржини објавуваат на социјалните мрежи, потоа и самото објавување на слики од децата од страна на родителите (дури и ствање на локација на уличиштето и градинката во која учи детето).  

Училиштето многу често се рамни со семејството. Тоа е клучен фактор за воспитувањето на децата и превенција од педофилија. Во наставната програма како факултетивна настава или меѓу предавањата мора да има и предавање за како да се заштитат од ,,лошите возрасни” што може еден возрасен да им каже, кој добир е добар а кој лош, воедно да му се влее на детето доверба доклку му се случило нешто тоа да го каже на наставничката, класната или психологот.

Слободното време е и тоа како битен фактор во превенцијта на детето од полов напад. Многу родители во слободното време ги оставаат децата да си играат на улица, во парк, на игралиште без да имаат контрола кој ги гледа од страна. Воедно живееме во ера на развиени информациски технологии, каде децата преку своите мобилни телефони, таблети и компјутери можат да станат жртви на педофил.  

Педофилите се постојано по чатовите од игрите, по социјалните мрежи под прикриетие на нивни врсник. Некои дури не се ни кријаат. Голем број возрасни луѓе на чат разговорите си ги покажуваат гениталиите или го тераат детето да го направи истото на кое тие чуствуваат сексуално задоволство.

15.02.2024 Битола