Мезолит – Време на Транзиција и Културен Развиток

Автор за Конзули.мк: Бојана Тошевска, ликовен уметник и член на Друштвото на ликовни уметници на Битола.

Мезолит 12.000 до 7.000 години пред н.е означува период на големи промени и адаптации во човечката историја. Се сместува околу 10,000 години пред новата ера, кога последиците од затоплувањето на климата предизвикуваат миграција на животни адаптирани на ладна клима кон север, а со нив и палеолитскиот ловец се повлекува од претходно населени региони како Франкокантабрискиот круг. Ова време сведочи за преод од ловечко-собирачкиот начин на живот кон поседелецки облици на живеење, подготвувајќи го теренот за неолитската револуција и почетокот на земјоделството.

Во овој период, луѓето почнале да изработуваат попрецизни алатки, претежно од камен и коска, кои што се покажале како клучни во секојдневниот живот и преживување. Микролите, мали кременчиња вградени во дрво или коска стануваат основа за создавање на различни орудија како што се пили, српови и ножеви. Коската, исто така, се користела за создавање на оружја и алатки, вклучувајќи харпуни и врвови за стрели и копја, откривајќи вештина иновативност во обработка на материјали. Овие иновации го покажуваат креативниот дух и адаптабилноста на луѓето во справувањето со секојдневните предизвици.

Мезолитот е посиромашен со уметноста од палеолитот, во него не се создадени трајни уметнички дела. Професорот Драгослав Серјовиќ и неговиот тим откриваат археолошки локалитет Лепенски Вир во Гердапската Клисура, откривајќи остатоци од населба од мезолитскиот период (6500 до 5500 г. пр.н.е). Овој локалитет претставува знаечен сведок на континуираниот културен развој на заедницата во овој регион.

Лепенски Вир, населба сместена во срцето на Ѓердапската клисура, ни открива уникатен поглед кон животот на луѓето од мезолитскиот период. Оваа археолошко наоѓалиште, поделено е во три фази со свои потфази, го документира континуиран културен развој на една од најраните европски заедници. Основачите на Лепенски Вир покажуваат напредно разбирање за простор и заедница. Со зголемувањето на бројот на жители, тие ги организирале своите населби околу централен, празен простор, созадавајќи потковичеста форма што служела како плоштад. Оваа структура, која сугерира на прави чекори кон урбанизација, овозможувала сите домови да свртени кон Дунав, додека радијално распоредените патеки и рампи обезбедувале лесен пристап и комуникација меѓу жителите. Со 136 регистрирани остатоци од станбени објекти и светилишта, Лепенски Вир покажува извонредна архитектонска умешност. Секоја куќа, со својата трапезоидна форма и строга симетрија, говори за длабоко разбирање за геометрија и простор. Основата на секоја структура, проектирана како рамнокрак триаголник кој потоа се модифицира за да добие функционален облик, укажува на употребата на „параметар“ како основна мерка во нивното градење. Уметничкото изразување на жителите на Лепенски Вир е еднакво импресивно. Пронајдените 29 камени скулптури, изработени од камења земени од Бољетинска река, покажуваат високо ниво на стилизација и симболизам. Скулптурите од Лепенски Вир, со своите едноставни геометриски обрасци и хуманоидни фигури, го отсликуваат длабокото разбирање и восприемање на светот на нивните творци. Поделбата на две основни категории – едноставни геометриски облици и хуманоидни фигури – сугерира на разновидноста на уметничките изрази и можни различни функции или симболики зад секоја група.Хуманоидните фигури, моделирани на силно експресионистички начин, ги прикажуваат длабоките вештини и креативност на уметниците од Лепенски Вир. Реализмот на лицата, со издолжени носеви и широки усти налик на риба, како и стилизираните прикази на косата и екстремитетите, укажуваат на високо ниво на апстракција и симболизам. Присуството на риби слични карактеристики може да сугерира на духовна или религиозна поврзаност со речните богови, што имплицира дека водата и реката играле централна улога во животот и верувањата на луѓето од овој период. Вградените во камениот под на куќите, овие скулптури не само што служеле како декоративен елемент, туку и како интегрален дел од домот, што потенцира нивната важност во секојдневниот и духовниот живот на жителите. Нивната „монументалност“, иако не во смисла на физичка големина, туку во контекст на уметничка и културна значајност, ги прави историски значајни и покажува дека уметноста од овој период е разновидна и комплексна.

Лепенски Вир не е само археолошко локалитет, тоа е сведоштво за иновативниот дух на мезолитските луѓе. Со своите напредни архитектонски структури, вешто изработени скулптури и развиена заедница, Лепенски Вир ни покажува дека уште од раните фази на човечката историја, луѓето биле способни да создаваат комплексни и смислени култури. Ова населба јасно покажува дека и во мезолитот, луѓето не само што се бореле за опстанок, туку и стремеле кон уметност, духовност и заеднички живот. Лепенски Вир е прекрасен пример за тоа како древните цивилизации ги користеле своите знаења и умешности за да се адаптираат, просперираат и остават траен белег на човечката историја.