КЛИНИЧКА СЛИКА И ДИЈАГНОЗА ЗА БРУКСИЗМОТ
Ексклузивен автор за Конзули.мк: Д-р Теодора Соколовска, доктор по дентална медицина и лиценциран доктор за botox и дермални филери.
Дијагнозата на бруксизмот се темели на неговата клиничка слика на симптомите и промените што ги остава на стоматогнатниот систем и околните структури. Силите кои ги создаваат мастикаторните мускули во текот на ноќната парафункција се многу поголеми од нормалните сили кои се развиваат во текот на џвакањето, така се јавува трошење на забната супстанца, пукнатини во емајлот, кршење на делови од пломби или кршење на имплантот поради преоптеретување. Болките на пацинетите се претежно во пределот на лицето, вилиците, вратот и рамениците.
- Брусни фасети и атриција (брза абразија т.н нефизиолошка атриција на инцизалниот раб и туберите на горните заби поради пукање на емајловите призми на местото на допир)
- Влијание на пародонталниот лигамент и покретливоста на забот (стискањето на забите доведува до поголемо оштетување го проширува лигаментот и така се зголемува покретливоста)
- Зголемен тонус и хипертрофија на мастикаторните мускули (поради нивна постојана стилулација)
- Промени во темпоромандибуларниот зглоб (може да се манифестираат со звучен сигнал како крепитации, шкрипење, ограничени негови движења и мускулен спазам)
Терапија: Вонглавно е систематска со терапија на емотивниот стрес, третирање на виличната парафункција, редукција на оклузалните иритации и запирање на неуромускулните навики. Најчесто тераписко помагало е користење на нагризна плоча (редистрибуција на силите и растеретување на нивното влијание на ТМЗ) која исто така создава непријатност и може да доведе до промени на оклузијата како отворен загрис.
03.02.2024 Битола