ДИГИТАЛНО НАСИЛСТВО
Ексклузивен автор за Конзули.мк: М-р Даниела Трајковски за Безбедносни Науки.
Живееме во ера на дигитализација и секојдневен развој на технологијата. Развојот на дигитални алатки за комуникација допринесоа за олеснување на секојдневниот живот но и нивна злоупотреба. Ако во минатото ширењето на одредена лага била само во нашиот клас, денес таа лага може да ја прочита и види целиот свет преку Интернет просторот. Со COVID пандемијата се зголеми и дигиталното вознемирување особено кај младата популација. Голем дел сме се соочиле со со непријатни пораки или коментари со најразлична навредлива содржина.
Под дигитално насилство или (Syberbulling) се подразбира секој облик на насилство кое настанува со (зло)употреба на дигитална технологија (мобилни телефони, таблети, компјутери). Дигиталното насилство покрај Syberbulling може да се нарече и Интернет насилство или електронско насилство. Најчесто е кај младата популација, кај врсниците затоа уште се нарекува и врсничко дигитално насилство.
Дигиталното насилство вклучува, објавување, споделување на негативна, штетна и лажна содржина за друг, ширење на лаги и гласини, воедно и објавување на приватни информации за друг со цел да се омаловажи, посрамоти и понижи друг. Дигиталното насилство поттикнува групна омраза, вознемирување, навредување на друг и навлегување во приватноста, злоупотребување на туѓи лични податоци и туѓи фотографии, правење на лажни профили, потоа уценување, следење, онлајн сексуално злоупотребување, Интернет измами, вознемирување со телефонски повици, со СМС пораки или пораки од други апликации итн.
Дигиталното насилство истовремено може да се прави со насилство во живо.
Дигиталното насилство се врши преку:
Социјални медиуми како Facebook, Tik Tok, Twiterи, е-пошта ,Апликации текстуални пораки и мобилни пораки, форуми, онлајн игри итн.
Целта на сторителот на дигитално насилство е жртвата да се омаловажи, исмева, посрамоти, вознемири , или да се исклучи од одредени онлајн активности и групи.
Жртвата на дигитално насилство најчесто се чуствува како целиот свет да е против неа и да ја исмева и омаловажува.
Ефектите од дигиталното насилство врз жртвата може да траат подолго време и да се одразат на повеќе начини како:
Психичка: анаксиозност, депресија, лутина, гнев, вознемиреност, разочараност, губење интерес за работи што предходно ја интересирала личноста, чувство на срам и понижување.
Физичко: губење апетит, несоница, физички замор, главоболки, болки во стомакот, повраќање итн.
Дигиталното насилство може да доведе до посегнување од страна на жртвата на алкохол, наркотици и наркотични средства и насилство во живо. Воедно жртвата може да не оди на работа со тоа да добие и отказ а доколку се работи за ученик да бега од часови, слаби оцени, намалено поведение.
Дигиталното насилство може да ја доведе жртвата и до самоубиство за кое што бевме и сведоци блиското минато од регионот каде што млади лица жртви на дигитално насилство извршија и самоубистава.
Од дигиталното насилство може да се заштитиме со блокирање на телефонските броев од каде што сме вознемирувани, блокирање на профили на социјални медиуми, пријавување на профилите кои ни испраќаат пораки, пишуваат недолични коментари и објавуваат слики и други текстуални содржини кај социјалниот медиум. Ставањето на потешки лозинки на нашите профили на социјалните мрежи и електронска пошта, потоа најава со верификационен СМС код на истите, внимавање кого прифаќаме на социјалните мрежи за пријател и какви содржини споделуваме. Подесување на приватноста, кој може да ги гледа нашите содржини на социјалните мрежии и пријавување во полиција.
Автор: М-р Даниела Трајковски – Студент докторант.
25.01.2024 Битола