Дали жените треба да тренираат гради? И зошто -ДА!
Автор за Конзули.мк: Марковска Тина
Благодарение на кардио лудилото од доцните 80-ти и 90-тите, има многу конфузија околу тренинзите со отпор, особено кога станува збор за жените и дали треба да ги тренираат градите или не.
Тука сме да ви дадеме искрен одговор на ова често дебатирано прашање.
Жените треба да ги тренираат градите.
Мускулите на градниот кош се исто како и секоја друга мускулна група во телото со тоа што треба ефективно да се тренираат за да станат посилни и потонирани.

Многу жени стравуваат дека тренирањето на градите или ќе ги трансформира во некој вид бодибилдер со фармацевтско гориво (анаболни стероиди), или обратно, ќе им ги намали градите.
Ни едното ни другото не е точно. Ако мислите дека сте ги намалиле градите да знаете дека сте ги исгубиле само мастите кои биле наталожени тука, додека стекнувањето на големината на професионалните бодибилдери и спортисти бара години константен напор. Сите треба да сфатат дека тешко е да се изгради мускул, посебно жените (дека е невозможно салото да се зацврсти во мускул).
Меѓутоа, работата на градите ќе ги зајакне вашите пекторални мускули и можеби ќе им даде на градите поподигнат изглед. Самото кревање тегови и вежби за гради, нема да ве трансформира во мускулна жена-hulk преку ноќ.
Во суштина за да растат мусклулите треба да ги „присилите“ а тоа се случува со комбинација на прогресивно преоптоварување во теретана и висококалоричен план за оброци во кујната. Ова дуо мора да се спроведува со години за да се добие големината што ја гледате од женските бодибилдери (која често пати е постигната и со употреба на анаболни стероиди).
Ова го кажуваме за да ги ублажиме сите грижи што можеби ги имате дека изведувањето на неколку серии потисок на клупа и склекови ќе ја нарушат вашата фигура.
Сега, ајде да разговараме за придобивките од тренирањето на градите кај жените.
Кои се придобивките од тренингот на градите кај жените?

Подобар тонус и дефиниција
Исто како и секој друг мускул, ако сакате градите да изгледаат пополни и позатегнати, треба да го предизвикате со отпор. Нај ефикасен начин да го направите ова е со изведување вежби со тежина.
Комбинираните вежби како што се потисок на клупата, користење справи за гради, склекови и пропаѓања (deep) се одлични опции за предизвикување на туркачките мускули на горниот дел од телото и за развивањe поубави гради.
Избегнувајте мускулна нерамнотежа
Мускулна нерамнотежа се создава кога тренирате одредени делови од вашето тело (раце, нозе, јадро итн.) почесто и со поголем интензитет од другите делови.
Со текот на времето, овие нерамнотежи може да доведат до лошо држење на телото, дисфункција на движењата и потенцијална повреда. Зошто ако сaкате да кренeте голема тежина за нозе (мртво подигнување, или чучнувања) е невозможно ако немате добро развиени мускули на горниот дел од телото.
Многу возрасни се справуваат со хронична болка во вратот, грбот, колената или рамото. Дури 70 проценти од возрасните ќе се справат со една од овие состојби во одреден момент од нивниот живот (Дејвис и сор., 2012). Мускулно-скелетната болка и придружните синдроми во моментов се водечка причина за инвалидитет ширум светот. Овој тип на болка често се припишува на хронични неисправни модели на држење на телото во текот на животот. (Corbett et al., 2019).
Подобрете ја вашата фигура
Верувале или не, најдобрите вежби за гради се и некои од најдобрите вежби за зајакнување и тонирање на рамената и трицепсот бидејќи сите три мускулни групи се вклучени во вежбите за гради, и воопшто на горниот дел од телото.
Ова значи дека не само што се подобрува изгледот на вашите гради, туку и изгледот на целото ваше горен дел од телото, правејќи ја вашата фигура да изгледа здраво и фит секогаш кога носите блузи, фустани, атлетска облека или кој било друг вид облека воопшто.
Согорувате повеќе калории
Градите се една од поголемите мускулни групи во телото. Така, кога изведувате сложени вежби користејќи големо количество мускули, согорувате повеќе калории за време на тренингот отколку што би правеле ако само изведувате неколку изолациски вежби.
Ако никоја друга причина не ве убеди, размислете за тренирање на градите за дополнително согорување калории и метаболички поттик. Можеби тоа ќе ви е доволен мотив за тренинг. Сите сакаат да согорат некоја калорија повеќе.
Подобра фитнес-функционалност
Туркањето-потисокот е примарно движење, што значи дека нашето тело е изградено да го прави тоа.
Градите се вклучени во секој тип на туркање што го правите, од туркање отворената врата до задавање удар на час по кик-бокс. Тренирањето на градите ќе ве направи посилни во овие секојдневни околности, што на крајот ќе го направи вашето тело поотпорно, и ќе ја подобри вашата фигура, држење и самодоверба. Редовната и соодветно дизајнирана програма за тренинг со тегови за сите мускулни партии е важен дел од здравиот начин на живот за жените од сите возрасти и фази од животот.
Тренингот со тегови има моќ да ги зајакне нашите мускули, коски, метаболички системи и психолошка благосостојба и да ни помогне да ги постигнеме нашите естетски фитнес цели.
09.02.2024 Битола