Станете дел од тимот на Нико Логистик – една од најголемите транспортни компании во САД!
Оглас за работа: ИСКУСЕН ДИСПЕЧЕР
НИКО ЛОГИСТИК објавува оглас за искусен диспечер кој ќе има можност не само да работи во динамично окружување, туку и да го пренесува своето знаење како инструктор во најголемата академија за диспечери во Македонија, која ќе се одржи оваа година.
Опис на работната позиција:
- Работење како диспечер во една од водечките транспортни компании во САД
- Предавање и обука на нови кандидати во областа на транспортот и логистиката
- Учество во организацијата и спроведувањето на најголемата диспечерска академија во Македонија
- Комуникација со возачи и координирање на нивните рути
- Следење на пратките и управување со транспортните процеси преку TMS и GPS системи (Samsara)
- Решавање на логистички предизвици и оптимизација на транспортни рути
- Водење евиденција и подготовка на релевантна документација
- Осигурување на усогласеност со регулативите и безбедносните стандарди
Квалификации:
- Минимум 2 години искуство како диспечер во транспорт и логистика
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Познавање на TMS, Samsara и други диспечерски алатки е предност
- Познавање на Microsoft Office Suite
- Способност за работа во брза и динамична средина
- Познавање на регулативи поврзани со транспортот е плус
- Способност за пренесување на знаењето и работа со студенти во академијата
Што нудиме:
Конкурентна плата согласно искуството
Можност за професионален развој и работа во престижна американска транспортна компанија
Учество во организацијата и предавање во најголемата академија за диспечери во Македонија
Динамична и стабилна работна средина
Платени обуки и можност за напредок
Ако сте амбициозни, искусни и посветени на транспортот и логистиката, ова е одлична можност за вас!
Аплицирајте со вашето CV на: robert@nikologistics.org