(Фото) Посета, подароци и љубов од хуманите срца на здружение на медицински сестри, техничари и акушерки 12 Мај

“Што ќе ни е да имаме се – ако душа немаме. Душата е она кое го носиме со
себе, ако не умееме да покажеме милост и
добрина кон слабите и благодарност на
храбрите, не сме успеале во ништо во животот!”

Ова е мотото на
Хуманитарното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки 12 Мај од Битола кое овој пат по повод 7 Април – Денот на здравјето ги посети најранливите – децата со попреченост.

Голема благодарност до компаниите АД Млекара Битола, Вемилк ИМВ Млекара, Веледрогерија МартиАлко Битола и Nik’s chokolate кои несебично ја поддржаја оваа акција. Благодарност и до Здружението на лица со посебни потреби ЕМАНУИЛ ПЛУС од Битола за несебичната соработка.