Новогодишна магија за децата на ОУРЦ „Кочо Рацин“ од Битола
Во духот на празниците, Александар Долевски ги израдува сите деца на ОУРЦ „Кочо Рацин“ во Битола со новогодишни подароци. Овој хуман гест донесе насмевки, радост и празнична топлина на лицата на децата кои секојдневно се соочуваат со животни предизвици.
„Сакам секое дете да ја почувствува магијата на празниците. Нивните насмевки се најголемата награда,“ изјави Александар Долевски, кој со својата донација покажа дека хуманоста и љубовта кон најмладите се најважни во овој период од годината исто се заблагодари до директорката, Драгана Кирковска за нејзината посветеност и поддршка во „Нејзината енергија и труд се инспирација за сите нас. Благодарен сум за можноста да соработуваме со целиот тим на училиштето,“ додаде тој.
Оваа иницијатива е уште еден доказ дека заедно можеме да го направиме светот подобро место, особено за оние на кои им е најпотребно.
Благодарност до Александар Долевски што ја сподели празничната магија.