Конечно и во Битола! Црвенкапа доаѓа на 15 март со претставата која е хит низ цела Македонија!!

Екипата на “Весел театар” доаѓа во Битола! Со доаѓањето на месец март започна и онаа театарска магија на која најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца. По тој повод, специјално само за најмладата публика во Битола на 15.03.2025 (сабота) во 12 часот во Центар за култура-Битола ПРЕМИЕРНО ќе биде одиграна претставата за деца „Црвенкапа и смешниот волк”, која со сигурност ќе создаде волшебни, детски спомени во секое детско срце, а воедно ќе ги потсети родителите на дечињата на времето кога и тие беа деца, и уживаа во магијата на театарот. Оваа претстава за прв пат ќе биде премиерно одиграна во Битола, а настапот на Битола ќе биде 74 изведба на екипата од Весел театар, во режија на Гоце Илиески.

Во претставата учествуваат Црвенкапа, смешниот волк, бабата од Црвенкапа и “чичкото ловџија”. Ова е претстава, која според публиката е вистински детски, музички-театарски спектакл за најмладите.

Станува збор за претстава која ги полни салите низ цела Македонија, и истата е надополнета и со неколку новокомпонирани детски музички песни кои се специјално создадени за оваа претстава, и истите пред публиката заедно со дечињата ќе ги отпеат нивните омилени театарски ликови од оваа волшебна сказна. На крајот од претставата, дечињата ќе се сликаат со Црвенкапа и смешниот волк, бабата и ловџијата, а воедно СЕКОЕ ДЕТЕНЦЕ ЌЕ СИ ДОБИЕ И ПОДАРОК – ЛИЧНО ОД ЦРВЕНКАПА.

Се гледаме на претстава, а Вие билети 24/7 може да си резервирате на телефон 078/ 66-77-97 или лично да си купите од билетарата во Центар за култура-Битола од понеделник до сабота од 15 до 20 часот.

Цена на билет 200 денари. За секое детенце следува подарок од Црвенкапа!