Концерт на легендарните „Галија“ на 17 јули во Битола

На 17 јули, еден од највлијателните рок бендови на овие простори, Галија, ќе одржи концерт во Битола, на Ракометно игралиште.

Тешко е да се опише она што Галија претставува, затоа што не е само бенд, туку институција. Музички феномен што со децении опстојува без да прави компромис со сопствениот звук и стил. Малку се составите на овие простори кои можат да се пофалат со богата дискографија и, можеби најважно, настап во живо кој звучи моќно, прецизно и автентично, како најдобрите светски рок-групи.

Во Битола, бендот ќе настапи со препознатливата енергија и репертоар кој вклучува безвременски композиции како: „Још увек сањам“, „Дигни руку“, „Дали си спавала“, „Трубе“… како и музиката од култниот филм Зона Замфирова, песни што одамна прераснаа во химни на една генерација.

Ова нема да биде само уште еден концерт. Ова ќе биде ноќ што ќе ја паметите, со бенд што и по 45 години знае зошто публиката сè уште стои пред нив.

Картите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги најдете преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Brothers Tobacco на Широк сокак.

Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5661